Филипини размислува да ги евакуира своите граѓани од Иран и Ирак

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте и нареди на војската да подготви авиони и бродови за евентуална евакуација на илјадници филипински работници во Ирак и Иран. И другите азиски држави размислуваат за слични мерки поради можно избувнување насилство на Блискиот исток.

Началникот на Генералштабот, Фелимон Сантос рече дека филипинските сили идентификувале можни патишта за евакуација не само во Ирак и Иран, туку и од другите жаришта, како што е Израел, пренесе „АП“.

Филипините се водечки извор на работна сила во светот, а во Иран и Ирак има повеќе од 7.000 филипински работници, вклучително и многу кои работат во американски и други странски објекти и трговски установи, соопшти Министерството за одбрана.

Другите земји се соочуваат со слични дилеми, бидејќи Азијците сочинуваат 40 проценти од мигрантите во светот, а земјите од Блискиот исток се нивна вообичаена дестинација.

Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Равеш Кумар изјави дека Индија сè уште не планира да ги евакуира граѓаните од непстабилниот регион.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека владините агенции разговараат за можноста за ескалацијата на блискоисточната криза, но немаат непосредни планови за евакуација.

Министерството за Сеул соопшти дека околу 1.600 од нејзините државјани се во Ирак, најчесто работат на градежништво, додека во Иран, 280 се бизнисмени, студенти или сопружници на Иранци.

Африканските мигранти се исто така вработени на Блискиот исток, иако неизвесна е можноста нивните матични земји да организираат евакуации.

Треба да знаете
Последни објави