ПСЖ ќе понуди 80 милиони евра за двајца играчи на Милан

 Францускиот шампион Пари Сен-Жермен сака да ангажира двајца играчи на Милан одеднаш. Според „Кориере дело спорт”, дефанзивецот Алесио Ромањоли и играчот од средниот ред Лукас Пакета паднале во сферата на интересите на парискиот клуб. ПСЖ е подготвен да даде понуда за Италијанецот и Бразилецот во текот на овој месец.

Според извор, парижаните имаат намера да понудат 80 милиони евра за двајца играчи.

На сметка на 24-годишниот Ромањоли оваа сезона се 17 натпревари во првенството на Италија, а 22-годишниот Пакета одигра 13 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави