Заев: Секој може да се надрасне себеси и да дејствува за доброто на заедницата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска по повод Раѓањето Христово – Божик со сопругата Зорица го посети манастирот „Свети Леонтиј” во струмичкото село Водоча.

– Секој од нас лично ја има можноста да го послуша гласот на совеста. Секој може да се надрасне себеси и уште поопределено да дејствува за доброто на заедницата, за доброто на децата и родителите, за семејството, за себе и секако за доброто на нашата земја во којашто живееме, работиме, твориме, учиме. Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред која сме исправени, да стоиме искрено и храбро на страната на вистината, правдата, мирот и љубовта. Затоа, на Божик секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон радоста и солидарноста. Христос се роди!, вели Заев во Божиќната порака објавена на неговиот ФБ профил.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158168000042932

Треба да знаете
Последни објави