Заев: Фактот што имаме министерка од еврејската заедница е бенефит кон градењето заедничко општество

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се огласи на Фејсбук по повод последните случувања и говорот на омраза на социјалните мрежи против техничката министерка за труд и социјална политика.

-Рашела Мизрахи Деновиве за жал видовме засилена употреба на навредлива содржина на социјалните мрежи, што не смее да биде прифатливо за кое било демократско општество, какво што е и нашето. Во овој важен момент, а пред да започнат предизборните кампањи, ги повикувам членовите и приврзаниците на сите политички партии, вклучително и на мојата СДСМ, како и сите функционери, да бидат одговорни во јавната комуникација, да избегнуваат и да отфрлаат говор кој содржи или може да поттикнува навреди и клевети и секогаш да иницираат суштински дебати по однос на важните прашања.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158169132982932?__xts__%5B0%5D=68.ARABqBKPHgeTetuFwV0trgZOy6je05mn1z7jls7G06PxCFjNPPeEPjMAmOwi0O6yRCAXiK9x-0jKrdOgsp-HFBS837jf6J6jHkMGHhFuhafJ0-RUapjV-BIUc_x0HFeTpakRyG4cD1rdAhwBr7dngn4B3dUrkhHhgV-VXHuenMMdX8-guyph1ezjqhVUMExNba_AnWm9POrBngXz9eAhidy08rE11m3dGtuCZgSr6EB5MUzGQah7VLbOC1xdDmeX5Ii63JLarXfhU-YJRVLwD8O4pZXVHsoDRZWwshqoAhX9AqJg8Jzg0PoMl9S5wSMaoPfaFfQp5wJgPw&__tn__=-R

СДСМ е против секаков вид говор на омраза, расизам и ксенофобија во нашата држава. Тоа секогаш остро сме го осудувале и ќе го осудуваме без разлика од каде доаѓа таквиот говор. Тоа, секако се однесува и на говорот кој на каков било начин е антисемитски или така може да се толкува. Ние сме партија предводник на концептот Едно општество за сите – концепт кој ја препознава и признава различноста како водечка сила на нашето општество. Фактот што македонската Влада има министерка од еврејската заедница, свои претставници во управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите, а СДСМ има организационен секретар кој беше раководител во Музејот на холокаустот, е само дополнителен бенефит кон градењето заедничко општество, напиша Заев.

Треба да знаете
Последни објави