Откако Нејмар даде се од себе за да го напушти Пари Сен Жермен летово за трансфер во Барселона, тој сега има шанса да потпише нов договор со францускиот клуб. Ова стана јасно од зборовите на една личност во неговата околина, цитиран од „Паризиен”. Бразилецот има договор до 2022 година.
-Ако клубот (ПСЖ) сака да зборува, тогаш ние сме подготвени да слушнеме што имаат да кажат. Минатата пролет, Неј беше многу блиску до потпишување на нов договор, откако клубот ја презеде иницијативата. Ако навистина сакаат да разговараат за работите, треба да дојдат кај нас. Нејмар е среќен, на начин како што долго време не бил. Нов договор е можен доколку ПСЖ постигне добри резултати и најмногу од се – победи. Нејмар секогаш сака да биде на победничката страна, прокоментира близок до Јужноамериканецот.
Парижани се лидери во Лига 1 и се наоѓаат во осминафиналето во Лигата на шампионите, каде ќе спорат со Борусија Дортмунд.