Се стравува дека загинале 25.000 коали во пожарите на Островот на кенгурите

Еколозите стравуват за иднината на уникатниот животински свет на Островот на кенгурите на југот од Австралија, по големите пожари во кој се проценува дека загинале илјадници коали.
Уште поголема е загриженоста за униканите марсупилан глувци „дунарт“ како и сјајниот црн какату, редок вид на птица која живее на островот.

Според официјалните лица, досега изгореа преку 155.000 хектари, или околу една третина од островот – со пожари концентрирани во западните области богати со биодиверзитет.

Загрозена е популацијата од сјајните црни какатуа, кои се цел на дведецениска работа да се зголеми нивниот број од околу 150 во 1990-ите до сегашните 400 според последните податоци.

Еколозите стравуваат дека во пожарите настрадела половин од популацијата на коалите, кои на островот се донесени во 1920 и нивниот број е околу 50.000, односно дека изгореле 25.000 единки.

 

Треба да знаете
Последни објави