Новата аквизиција на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд откри зошто ги избра „жолто-црните” пред Манчестер Јунајтед и Јувентус, кои, исто така, беа зад неговите петици.
– Од Дортмунд беа директни и ми рекоа дека имаат потреба од мене во нивниот напад. Ми објаснија дека им се допаѓа мојот стил на игра и дека ме сакаат по секоја цена, објасни Холанд, кој иницираше договор од 4 и пол години со германскиот вицешампион.
Тој додаде дека му се допаднал начинот на кој од Дортмунд комуницирале со него и го натерале да потпише со нив.
– Секако дека сакам да играм редовно и јас сум свесен дека имам нешто што можам да му го дадам на мојот тим. Тоа е мојата главна цел. Сакам да постигнувам голови за Борусија Дортмунд, додаде 19-годишниот напаѓач.