Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев согласно правилата во МВР со договорот за техничка Влада ќе ги смени сите осум началници сектори за внатрешни работи (СВР Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Битола, Штип, Велес, Струмица), а досегашните началници ќе станат дополнителни, објави Телма.
Нов началник ќе има на Oдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал каде во моментот раководител е Лазе Велковски, Одделот за внатрешна контрола ќе добие нов началник, Одделот за специјални полициски операции каде во моментот началник е Бранко Трајановски, смена ќе има и во новоформираната единица за интервентна полиција која во моментот ја води Примислав Димовски.