Бебе во Русија починало откако родителите го оставиле надвор на -7 степени

Руската полиција отвори истрага откако бебе починало на балкон од студ.

Станува збор за 7-месечно момче кое со часови било оставено на балконот во својата количка на -7 Целзиусови степени.

Настанот се случил во регионот Хабаровск во Русија.

Родителите го оставиле бебето да спие на свеж воздух, пишува Би-би-си повикувајќи се на локалните медиуми. Министерот за здравство по ова апелирал родителите да не ги оставаат своите бебиња на отворено и незаштитени.

„Секогаш треба да знаете каде е вашето бебе и со кого е“, порачал тој додавајќи дека малите деца многу брзо може фатално да настрадаат од ниските температури.

Причината за смртта на бебето е хипотермија, а според британскиот јавен сервис, вообичаено е во земји каде климата е постудена децата да се остават да спијат надвор. Се верува дека на тој начин се намалува ризикот од кашлица и грип.

Родителите од северните земји како Финска и Норвешка веруваат дека нивните деца спијат подобро и подолго на отворено.

Треба да знаете
Последни објави