Македонскиот репрезентативец, Егзон Бејтулаи договори нов ангажман и се сели во петкратниот шведски шампион Хелсинборг.
Откако му завршија обврските со Шкендија, дефанзивецот одлучи да направи интернационален трансфер и тоа на Скандинавскиот полуостров. Тој со Хелсинборг си подаде рака за договор до 2022 година.
-Многу сум среќен што потпишав за Хелсингборг, клуб со одлични услови за работа и навивачи. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата, -порача 26-годишниот Белтулаи кој може да покрие неколку позиции во дефанзивната линија.
Егзон пред Шкендија играше за Тетекс.