Поранешниот премиер Никола Груевски, сега азилант во Унгарија на својот Фејсбук профил им го честиташе Божик на граѓаните на Македонија со желба државата да се придвижи напред.
-Повторно да стане силна и гордост на нејзините граѓани. Да стане достоинствено место за живеење, побогата и поправедна земја со посплотен народ во неа. Посакувана за живот а не за заминување. Позитивната да ја надвладее негативната енергија. Оптимизмот да го победи песимизмот. Меѓусебните помагања, разбирање, толеранција, охрабрувања и позитивни поттикнувања да се повеќе од меѓусебните расправии, нетрпеливост, бесконечни меѓусебни критики и омаловажувања.
Љубовта да ја надвладее омразата.
Успесите да се далеку побројни од поразите.
Како кај секој поединец, така и кај народот во целина и самата држава.
Загубеното да се поврати, добиеното да се зачува и зголеми или зајакне, порача Груевски.
https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158020585757716