Претседателот на СДСМ, Зоран Заев му упати честитки на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој денеска во вториот обид успеа да добие мнозинство за да формира Влада.
-Честитки @sanchezcastejon за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа, напиша Заев на својот Твитер налог.
-Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО, додаде Заев.
Честитки @sanchezcastejon за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа.
Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО. 🇲🇰🇪🇸
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 7, 2020