Кан нов член на бордот на директори на Баерн

Баерн Минхен ја претстави својата легенда Оливер Кан како член на бордот на директори. Тој ќе собира искуство и ќе го замени извршниот директор Карл-Хајнц Румениге за две години.

– Клубот ја задржа својата ДНК и чест е да се биде повторно тука. Не можеме да си дозволиме да ја изгубиме титулата. Нашата серија е неверојатна – седум последователни титули. Тоа е достигнување за вечноста. Но, истото важи и за 8 последователни титули, прокоментира Кан.

– За мене, сепак, сребрената салатиера не е сè. Нашата презентација во Лигата на шампионите во есен беше исклучителна и сè е можно. Една од најважните теми е нашата академија. Нашата цел е да воведеме повеќе млади играчи од училиштето во првиот тим и да станат лидери. Филозофијата на тимската игра мора да биде поврзана со ДНК-то на Баерн.

На прашање за новата аквизиција на голманската позиција, Кан смета дека нема потреба воопшто да се зборува за квалитетите на Мануел Ноер.

– Ќе видиме што ќе правиме со доаѓањето на Александар Нубел, но неговиот трансфер беше многу паметна и стратешка одлука од клубот. Тој ни сигнализираше дека е подготвен да дојде и да учи од Мануел Ноер. Кога имате можност да привлечете таков талентиран млад голман, мора да дејствувате брзо, додаде Кан.

Треба да знаете
Последни објави