Либија: Силите на Хафтар го зазедоа стратешкиот град Сирт

Либиските сили лојални на командантот Калифа Хафтар, чие упориште е на истокот на земјата, тврдат дека презеле контрола врз стратешкиот крајбрежен град Сирт, во брза офанзива предводена со воздушен напад.

Заземањето на Сирт е значајно за Хафтар, кој спроведува офанзива на главниот град Триполи од април, седиште на меѓународно признатата либиска влада.

Сирт се наоѓа во средниот дел на либискиот медитерански брег и е под контрола на владините сили откако беше расчистен од трупите на ИД по воздушни напади на САД во 2016 година. Офанзивата се случи во момент кога Турција испраќа свои трупи во Либија за помош на меѓународно признатата влада во Триполи.

Треба да знаете
Последни објави