Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје денеска се одржа централната свечена божествена литургија по повод празникот Раѓањето Христово – Божик на која присуствуваа и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски на сите верници од православна вероисповед им ги честиташе новогодишните и божиќните празници и им посака многу здравје, бериќет, успеси во нивните семејства и да бидат среќни. Се разбира, посочи, човек кога е среќен е најзадоволен.
– Позади нас е година на порази, следува година на победи. Тоа кое јас како божиќна порака сакам да го упатам до христијанските верници, но и сите останати граѓани на Република Македонија е да се почитуваат, да се разбираат меѓу себе, бидејќи самопочитувањето е она кое нас не прави побогати. Сето останато ќе си дојде. Почитувајте се, сакајте се, има надеж за оваа наша Македонија, а надежта допрва доаѓа, рече Мицкоски.
Бадниковата паричка, додаде, паднала кај неговата сопруга.