Несреќа ја потресе Србија: Едно лице загина во експлозија од бомба

Едно лице загина откако под неразјаснети причини експлидирала бомба во селото Броцин во Рашка, соседна Србија.

Српското МВР информира дека  К. З. (33) е убиен во селото Биоцин кај Рашка по динамитска експлозија што се случила од непознати причини.

Според неофицијални информации, најверојатно тој загинал во моментот на експлозијата. Сè уште нема информации дали тој ракувал со динамитот пред да се сллучи експлозијата.

Тимот на службата за итни случаи во Здравствениот центар Рашка само констатирала смрт по пристигнувањето на локацијата каде се случила  експлозијата.

Надлежните органи се на терени во тек е истрага за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави