Ракометната репрезентација на Македонија денеска по повод Христовото раѓање ја посети црквата Св. Климент Охридски во Љубљана. Тие беа поздравени од голем број Македонци кои живеат и работат во Словенија, а потоа ракометарите продолжија и на Божиќен ручек.
Репрезентацијата во Словенија ќе остане до 8 јануари, а потоа се сели во Виена, Австрија, каде веќе во петок ја очекува натпрерот од првото коло на Европското првенство против Украина.