(Видео) Циципас збесна во мечот со Кирјос па кршеше рекети, настрада татко му

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го загуби мечот одигран против Ник Кирјос во рамките на дуелот меѓу Грција и Австралија на АТП купот, а кој го одбележа инцидент по завршувањето на првиот сет.

Откако го загуби тај-брејкот, Циципас целосно ја загуби контролата над себе и фрлајќи со рекетот, успеа да го повреди и својот татко.

Апостолос Циципас лут ја напушти грчката клупа, а во мешаницата се вклучи и неговата сопруга која веднаш му одржа лекција на талентираниот тенисер, кој подоцна загуби со 2:1 во сетови.

Видеото може да го видите овде

Треба да знаете
Последни објави