Вознемирувачко видео од стампедото на погребот на Сулејмани во кое загинаа 35 луѓе

Триесет и пет лица загинаа во стампедо што се случи утринава на погребната поворка за убиениот ирански генерал Касим Сулејмани. Иранската државна телевизија објави дека повредени се 48 лица.

Стампедото се случило во Керман, родниот град на Касим Сулејмани.

Првата комеморација за генералот се одржа вчера во Техеран, каде на улиците излегоа милион луѓе. Многу Иранци го сметаа Сулејмани за национален херој, па толпата извикуваше „Смрт за Америка“.

Сулејмани беше убиен во петокот, во близина на Багдад во Ирак, во напад со беспилотно летало по наредба на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Треба да знаете
Последни објави