Градските ривали од Манчестер јунајтед и Сити вечерва ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во рамките на англискиот Лига куп. Говорејќи за овој натпревар менаџерот на Сити Пеп Гвардиола рекол дека никогаш не би ги предводел „црвените ѓаволи“.
– Кога веќе сум го тренирал Сити, сигурно е дека потоа нема да го преземам Јунајтед. Исто како што никогаш не би бил тренер на Реал Мадрид. Никогаш – рекол Гвардиола.
Рекол дека и доколку остане без работа не би прифатил да биде тренер на Манчестер јунајтед или Реал Мадрид.
– Кога не би имал други понуди тогаш би бил некаде на Малдивите. Кога ќе размислам не би бил на Малдивите, таму нема терени за голф – рекол 48-годишниот тренер.
Гвардиола 11 години го носеше дресот на Барселона, а при крајот на кариерата играше во Италија, Катар и Мексико. Како тренер четири години беше во Барселона, три во Баерн Минхен, а во Сити е од 2016 година.