Силвио Хорта, авторот на американската хумористична ТВ-серија „Грдата Бети”, е пронајден мртов во хотелска соба во Мајами. Имал прострелни рани од огнено оружје, пишува Independet.co.uk. Неговиот портпарол ја потврди веста за медиумите, но детали за трагедијата сè уште не се познати.
Хорта е најпознат по серијата „Грдата Бети“, која започна да се емитува на американската ТВ мрежа АБЦ на 28 септември 2006 година и имаше четири сезони. Серијата освои два „златни глобуса“.
https://www.instagram.com/p/B7Cg9OehJkj/?utm_source=ig_web_copy_link
Главната улога на Бети Суарез ја имаше Америка Ферера (35), која се збогува со својот колега преку социјалната мрежа.
Силвио е роден во Мајами, а неговите родители се од Куба. Дипломирал филмска уметност на престижниот универзитет во Њујорк. Талентираниот уметник се пробил на сцената во 1998 година кога го напишал сценариото за хоророт „Урбана легенда“ во кој глуми Џаред Лето. Се префрли на телевизија во раните 2000-ти. На 19 години, тој му признал на своето семејство дека е хомосексуалец во што тие го поддржале.