Американските војници напуштиле две бази во Сирија и тргнале кон Ирак

Американските војници по шестмесечно присуство напуштиле две бази на североистокот од Сирија и тргнале во насока на Ирак, пренесува сиртиската државна агенција „Сана“.

Како што се наведува, околу 40 камиони со воена техника ја напуштиле базата „Храб ал-Џир“, во областа Ал-Маликија во провинцијата Хасека и се упатиле во насока на границата меѓу Ирак, Сирија и Турција, во близина на нелегалниот граничен премин Ал-Валид.

Истовремено, 50 камиони со воена тејника ја напуштиле базата што се наоѓа во градот Ал-Шадади и тргнале на север кон истиот граничен премин кон со ирачките територии.

„Сана“ истакнува дека определен број камиони стигнале во базата во Ал-Шадади од југоистокот на Сирија, од провинцијата Дери ез-Зор и дека ова се првите чекори за конечнои повлекување на, како што велат, окупаторските сили, но не наведуваат извори за тие информации.

Треба да знаете
Последни објави