Бабиќ е новиот тренер на Еурофарм Пелистер

Македонскиот дебитант сезонава во ракометната Лига на шампионите и во регионалната СЕХА-лига, Еурофарм Пелистер од Битола, за нов тренер го ангажира поранешниот селектор на хрватската репрезетнација, Жељко Бабиќ. Станува збор за 47-годишен стручњак, кој има работено во екипите на Загреб, Мешков Брест и на Горење Велење. Како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 година, Европското првенство во Србија 2012 и Светското првенство во Шпанија 2013, а како предводник на „коцкестите“ го освои бронзениот медал на Европското првенство во Полска во 2016 година.

-Бабиќ е докажан ракометен стручњак. За реализација на нашиот проект доаѓа со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град во земјава – Битола“, порачуваат од раководството на Еурофарм Пелистер.

Бабиќ ќе ги предводи „фармацевтите“ во вториот дел од сезоната, која ја почнаа со Стевче Алушевски. За денеска во битола е најавено почеток на подготовките. Официјалното деби Бабиќ на клупата кај битолскиот лигаш ќе го има на почетокот од февруари против Нексе.

 

Треба да знаете
Последни објави