Нинослав Јовановиќ, познат како „Берберот од Малча“ кој викендов полицијата во Србија го упаси по 17-дневна потрага во неговиот роден крај каде се криел во земуници и напуштени куќи, откако ја киднапираше 12-годишната Моника Каримановиќ, сака да биде сместен во затвор во самица, бидејќи стравувал за својата безбедност. Тој засега е во изолација, а според пишувањата на српски „Курир“, ги молел чуварите да не го испратат во групна ќелија поради тоа што се плаши дека таму ќе го силуваат другите затвореници.
– Осомничениот стравува дека другите затвореници физички ќе го злоупотребуваат, најверојатно и сексуално. Некои од нив се родители, а тоа што тој го има направено е во спротива на „кодексот на криминалците“. Најголем проблем за затворските чувари е да го заштитат Јовановиќ. Според процедурите, тој е сместен во изолација и под целовремен надзор поради сопствена сигурност – пренесува српски „Телеграф“.
На Јовановиќ му е одреден притвор по неколку основи, поради тежината на делото за кое се терети, а за кое е предвидена казна поголема од десет години затвори, но и поради опасност од бегство и вознемирување на јавноста.