„Блумберг“: Иран гаѓал песок за да избегне американски одговор

СВЕТ„Блумберг“: Иран гаѓал песок за да избегне американски одговорОбјавено пред 1 минута – 8 јануари, 2020Од Макфакс

Иран сакал да избегне американски жртви, па проектилите испалени како одмазда за убиството на генералот Сулејмани, погодиле песочни дини, околу базата Ајн ел Асад, пишува „Блумберг“.

Повикувајќи се на неименувани американски високи претставници, „Блумберг“ наведува дека, инаку прецизните проектили, погодиле песочни дини, што наведува на заклучок дека Иранците целеле кон ненаселени делови на тој објект.

Сите три бази, кои минатата ноќ ги гаѓаа Иранците, претходно биле под узбуна, а ирачките власти по нападот соопштија дека Иранците однапред биле предупредени за почетокот на нападот.

„Блумберг“ цитира и неименуван претставник на Белата куќа, кој смета дека Иранците сакале да изведат одмазнички напад, но на начин на кој нема да предизвикаат разорувачки американски одговор.

Вкупно 22 ирански проектили беа испалени на воени бази во Ирак, а 17 ракети ја погодија базата Ајн ел Асад.

Треба да знаете
Последни објави