Иран објави лажно видео на кое снајперист стрела кон американскиот претседател Доналд Трамп по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.
Монтираната снимка, објавена од новинската агенција на иранската влада „Фарс“, започнува со една порака.
„Америко, ако започнеш војна, ние ќе ја завршиме“, се вели на почетокот на видеото.
Снајперистот, кој се крие решетки, вади пушка од куфер, а потоа гледа фотографија на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад минатата недела.
Потоа тој пука неколку истрели кон американскиот претседател додека телохранителите трчаат да го заштитат.
„Во името на добротворниот и милостив Бог“, се наведува на крајот на клипот.
Трамп ја нареди ликвидацијата на Сулејмани, еден од најмоќните луѓе во Иран, кој се смета за национален херој во земјата.
Иран вети дека ќе се одмазди за убиството на генералот, а синоќа истрела повеќе од 20 балистички ракети кон две американски воени бази со седиште во Ирак. Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападот, рече дека нападите врз базите се одмазда за убиството на командантот на единицата на Кудс, Касем Сулејмани.
Ирански медиуми пренесоа дека во нападот на базите загинале „80 американски терористи“.
Објавеното видео од лажниот атентат врз Трамп е објавено еден ден пред нападот врз американските бази во Ирак.