Гвинет Палтроу се пошегува дека нејзиниот сексуален живот е „готов“ сега кога се преселила кај нејзиниот сопруг.
47-годишната актерка и нејзиниот сопруг Бред Фалчук конечно решија да живеат заедно „со полно работно време“, пишуваат таблоидите, и додаваат дека одлуката паднала повеќе од една година по нивната венчавка.
Иако во брак, тие го одложуваа животот заедно бидејќи не сакаа да ја уништат мистеријата на нивната врска.
Говорејќи за февруарскиот број на магазинот „Харперс Базар“, таа се пошегува: „И така, нашиот сексуален живот е готов“.
„Мислам дека тоа сигурно помага во зачувување на мистеријата и исто така зачувување на идејата дека секоја личност има свој живот. Значи, свесна сум за ова сега кога живееме заедно.”
Гвинет, која има деца деца Епл (15) и Мојсеј (13) со својот поранешен сопруг Крис Мартин, минатата година откри дека таа и Бред поминуваат задно само четири од седум ноќи во неделата и дека 48-годишниот писател и продуцент остатокот од времето го поминува во својата куќа.
Но, во август минатата година Гвинет рече дека таа и Бред постепено почнуваат да живеат заедно цело време.
„Го обожавам сопругот. Тој е брилијантен и многу љубезен. Тој ме турка напред на најдобар можен начин. Навистина ми се допаѓа да бидам омажена. Забавно е.”
Гвинет и Бред се венчаа во септември 2018 година на приватна и мала церемонија во Хамптонс, Њујорк, на Лонг Ајленд – осум години откако се запознаа на снимање на филмот ‘Glee’.