Движењето Беса е отворено за трипартиска предизборна коалиција во согласност со повикот на Алијансата на Албанците, соопштуваат од Беса по синоќешниот состанок на Централното претседателство одржан во Тетово. На состанокот биле донесени три одлуки.
-Се потврди ставот дека Движењето Беса, е отворено за можна трипартиска предизборна соработка, во согласност со повикот на Алијансата на Албанците. Второ, Централното претседателство му наложи на Генералниот секретар на движењето Беса, Арјанит Хоџа, да ја предложи стратегијата на Изборниот штаб и неговиот состав на следниот состанок на Централното собрание, соопштуваат денеска од партијата.
Третата одлука се однесува на организацискиот секретар, Аднан Азизи, кој е задолжен да ја состави агендата за посети на секоја албанска населба, вклучително и дијаспората, каде ќе биде претставена Платформата „Беса”, се вели во соопштението.