Земјотресот во Порторико уништи познато светско чудо

Силниот земјотрес што го погоди Порторико ја уништи популарната туристичка дестинација во Гуајанила. „Дупката во карпата“ се сметаше за едно од чудата на природата, но по катастрофалниот земјотрес во кој загина најмалку едно лице, веќе го нема.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Портортико и ја урна оваа природна структура.

„Природниот прозорец во Пунта Вентана, Гуајанила го нема“, соопшти Лабораторијата за метеорологија на „Твитер“.

Колонијалната црква од 1841 година, исто така, се урна целосно.

По овој земјотрес се случија низа земјотреси, од кои едниот беше со јачина од 6,4 степени.

Треба да знаете
Последни објави