Инсталација со бели знамиња на иранските споменици кои Трамп се закани дека ќе ги уништи

Новата 2020 година започна со отворен политички и вооружен конфликт меѓу САД и Иран. По убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, Иран вети дека ќе се одмазди и го стори тоа преку вчерашните напади на американски воени бази во Ирак.

На 4-ти јануари годинава, американскиот претседател Доналд Трамп преку „твит“ се закани дека за легитимна мета ќе смета 52 ирански културно-историски споменици.

Kако одговор на овој „твит“, архитектот Мохамед Хасан изработи проект, преку кој, како што вели, пропагира мир. Концептуалниот проект, кој го следи типичниот стил на Хасан, се состои од фотомонтажи, на кои се поставени бели знамиња на иранските локалитети кои се прогласени за светско историско наследство според листата на УНЕСКО.

На овој начин, архитектот ја истакнува важноста на овие грандиозни и незаменливи згради и пејзажи.

Меѓу локалитетите опфатени со овој проект на Хасан е и сината џамија во Табриз, а како што вели тој, концептот има за цел да го промовира мирот и да го истакне значењето на овие локалитети не само за Иран, туку и заедничката човечка историја.

Треба да знаете
Последни објави