Квин плус Адам Ламберт се на врвот на списокот пејачи кои ќе бидат дел од добротворниот концерт Fire Fight Australia, кој ќе се одржи на стадионот ANZ во Сиднеј на 16 февруари.
„Квин+ Адам Ламберт“ е соработка помеѓу активните членови на британскиот рок бенд Квин и американскиот вокал Адам Ламберт
Во услови на разорни пожари низ целата земја, концертот има за цел да собере финансиски средства за полесно справување со последиците од огнената стихија.
Промоторите TEG Dainty и TEG Live се во разговори со неколку светски уметници и локални ѕвезди да настапат во добротворниот настан, хитмејкерите на „We Will Rock You“ (групата Квин) и нивниот фронтмен би можеле да бидат поставени на врвот на листата изведувачи имајќи предвид дека ќе настапат на истиот стадион ноќта претходно.
Иако сè уште не е потврдено, гитаристот Брајан Меј изрази загриженост и ги испрати своите молитви до народот на Австралија, чии домови се уништени од серијата пожари, а најмалку 20 луѓе трагично ги загубија своите животи.
Активист за права на животните ја пофали „помладата генерација“ за нивните напири да го спасат животински свет, вклучително и кенгурите.
Гитаристот Брајан има и семејство во Австрлија со кого се надева дека ќе се види кога групата ќе ја започне својата турнеја „Рапсодија“ следниот месец.
Покрај ужасните слики со животни кои кружат на Интернет, Брајан напиша: „Не можам да престанам да размислувам за трагичните пожари во Австралија.“
„Се чувствувам беспомошно. Имам многу членови на семејството во Австралија, и се надевам дека ќе ги видам за еден месец во текот на нашата планирана турнеја низ Австралија.“
„Младата генерација е вклучена во битката против пожарите на островот Кенгуру. Респект.“
Објавата за планираниот добротворен концерт гласи: „Ова е голем музички настан на кој ќе учествуваат светски познати уметници од Австралија и од целиот свет, кои ќе покажат солидарност со луѓето чии животи беа нарушени од пожарите“.
Познати личности како Кајли Миног, Пинк, Никол Кидман и актерот Тор Крис Хемсворт донираа пари во борбата против застрашувачките пожари.