Курти не го почитува рокот од 48 часа кој му го постави Тачи за да го соопшти мандатарот за новата косовска влада

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти не го испочитува рокот од 48 часа што му го постапи претседателот Хашим Тачи за да го соопшти мандатарот за новата косовска влада. Победничката партија ВВ на октомвриските минатогодишни парламентарни избори во Косово, ќе го извести претседателот Тачи написмено во следните денови за името на мандатарот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Со овој чин ВВ го отфрли рокот од 48 часа кој го наметна Тачи завчера.

– Претседателството на ВВ денеска одржа седница. Со целосно почитување на Уставот на Република Косово, член 84 точка 14 и Пресудата на Уставниот суд КО 103/14, нашиот субјект ќе го изнесе прелогот за мандатар за премиер. Овој предлог ќе му го доставиме со службен допис на Претседателот на Републиката во наредните денови, се вели во денешното соопштение на ВВ.

Партијата очекува по приемот на дописот, согласно Уставот и пресудата на Уставниот суд, претседателот да го испрати декретот со нивниот предлог до Собранието на Косово.

– Во меѓувреме, се обновија преговорите со раководството на Демократскиот сојуз на Косово за идната владина коалиција, соопшти партијата на Курти.

Треба да знаете
Последни објави