Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган се состанаа денес во Истанбул.
Тие разговараат на тет-а-тет состанок, во присуство на преведувач, а средбата е затворена за медиумите, пренесе ТAСС.
Кремљ претходно објави дека на средбата ќе се разговара за натамошниот развој на соработката меѓу двете земји, како и за големи меѓународни прашања, вклучително и ситуацијата во Сирија и Либија.
Путин е во Истанбул, каде што ќе присуствува на свеченоста по повод пуштањето во употреба на дел од гасоводот „Турски тек“.