Министерството за одбрана на Црна Гора размислува да го одложи испраќањето на црногорските војници во мисијата на НАТО во Ирак поради кризата на Блискиот Исток предизвикана по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани од страна на САД, пренесува „Спутник“.
„Засега се суспендирани само тренинг активностите поради ситуацијата во Ирак. Мисијата не е укината, но ќе видиме колку ќе потрае оваа ситуација и како ќе се развива. Може да се случи одложување во испраќањето црногорските војници на мисијата иако тоа не би било реализирано пред средината на годинава,“ велат од министерството.
Собранието на Црна Гора неодамна ја усвои одлуката на Советот за безбедност и одбрана на Црна Гора за испраќање двајца црногорски војници во оваа мисија на логистички позиции на аеродромот во Багдад.