На граничниот премин Ристовац царинските службеници кои запреле товарен воз кој од Грција преку Македонија, Србија, Унгарија крајна дестинација му била Словачка, во еден од вагоните пронашле 12 мигранти кои илегално сакале да стигнат во Европа. Според соопштението на царинската служа во Србија, мигрантите биле откриени откако службениците приметиле дека на еден од вагоните била оштетена пломбата што било повод за детелен преглед на вагонот.
Во вагонот натоварен со компјутерски монитори, спшакувани во кутии на крајот биле пронајдени 12 млади момчиња кои кајсебе немале никакви документи за идентификација. Според изјаците на мигранитите сите биле од Авганистан.
По завршениот преглед на возот пронајдените мигранти се предадени на полициските службеници за понатамошна постапка.
Управата на царината во оседна Србија во своето соопштение наведува дека нивните службеници катадневно се соочуваатсо бројни обиди на мигрантите меѓу товарот кој се превезува да се скријата и да ја мината гранциата на пат кон Европа. Минатата година спречени се околу 1.400 нелегални обиди за преминување на границата.