Китаровиќ и Милановиќ разговараа за пренесување на власта

Три дена по претседателските избори денеска во Загреб се сретнаа претседателката во заминување и нејзиниот наследник, Колинда Грбара-Китаревиќ и Зоран Милановиќ, а тема на разговорот била транзицијата на претседателските должности, потврдија двете страни.

По средбата со претседателката во заминување Милановиќ на својот Фејсбук профил напиша дека средбата со Китаровиќ била на Пантовчак (седиштето на претседателот на Република Хрватска).

„Оддржавме работна средба на која разговаравме за транзицијата на претседателските должности”, напиша Милановиќ.

Актуеланата претседателка во изборната ноќ му ја честитате победата на Милановиќ и го повика да испијат кафе пред официјалното примопредавање на власта, и додаде дека се надева дека двајцата ќе соработуваат во преносот на власта.

Инаугурацијата на Милановиќ ќе се одржи на 18 февруари.

Треба да знаете
Последни објави