Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се вториот тим кој оваа сезона стигнаа до 30 победи. Тие утринава на домашен терен забележаа триумф над Њујорк никс со 117-87. Најдобар играч на мечот беше Леброн Џејмс со 31 постигнат поен.
„Кралот“ натпреварот го заврши со 31 поен, и по 5 скока и асистенции, Кузма броеше до 16, Хауард осум, додека Дејвис застана на пет поени затоа што поради повреда предвреме го заврши дуелот.
Кошаркарите на Торонто Репторс и Портланд Треил Блејзерс го одиграа еден од највозбудливите натпревари од синоќешната програма на НБА лигата. Шампионот долго време го имаше водството во своите раце, го контролираше мечот, но во последната минута дозволи сензација, откако Портланд со серија од 7-0 од негатива од 99-94 стигна до победа од 99-101.
Кармело Ентони блесна со 28 поени, Лилард запиша 20, додека кај Торонто најпрецизни беа Ловри со 24 и Ибака со 17 поени.
На останатите натпревари Детроит го совлада Кливленд со 113-115, Оклахома славеше по продолжението над Бруклин (103-111), Мемфис го надигра тимот на Минесота, а Сакраменто со 103-114 беше поуспешен против Феникс.
Во Западната конференција води Лејкерс со биланс 30-7 (победи-порази), на Исток прв е Милвоки бакс со скор 32-6.