Маж пукал и ранил две деца затоа што со снежни топки мавале кон неговиот автомобил.
Американската полиција трага по напаѓачот во Висконсин, кој пукаше во две деца на возраст од 12 и 13 години.
Според медиумите, момчето и девојчето биле дел од група која со снежни топки ги мавала автомобилите коишто поминувале на патот во Милвоки, на северот на САД.
On Saturday, January 4, 2020, at approximately 7:50 p.m., the Milwaukee Police Department responded to a shooting on the 6100 Block of West Birch St. Upon arrival officers found a 12 year old Milwaukee female suffering from a non-life threatening gunshot wound.
— Milwaukee Police (@MilwaukeePolice) January 6, 2020
„Една грутка ја погодила белата „тојота“ и возачот пукал кон групата деца, ранувајќи двајца од нив“, соопштија локалните власти, додавајќи дека нивните животи не се загрозени.
Мажот двапати го погодил 12-годишното девојче, а 13-годишното момче го погодил во раката. Тој сè уште е во бегство. Податоците од Gun Violence Archive покажуваат дека најмалку 500 луѓе во САД се повредени од огнено оружје од почетокот на 2020 година.