Пејачката Пинк донира половина милион долари на австралиските противпожарни служби кои со натчовечки напори се борат со шумските огнени стихии што го зафатија континентот, објави весникот The Sun.
Најмалку 20 луѓе загинаа, а се верува дека милиони животни се убиени во пожарите што ја опустошија земјата во последните месеци, пишува весникот.
Пинк е една од многуте познати личности што проговорија за пожарите, откривајќи ја својата заложба да донира половина милион американски долари (382.043 фунти).
„Јас се чувствувам тотално уништена кога гледам што се случува во Австралија со ужасните шумски пожари“, напиша таа на Твитер.
„Ветувам донација од 500.000 долари директно на локалните противпожарни служби кои се борат во првите редови. Моето срце сочувствува со нашите пријатели и семејство во Оз.“