Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во денешното гостување на Утрински брифинг на „Слободен печат“, порача дека неговата партија никогаш не се стреми да биде политичка елита, додавајќи дека се грешни констатациите дека некој друг командува со опозицијата.
-Постои само една политичка елита во Македонија, а тоа е СДСМ. ВМРО нема политичка елита и се што правиме, го правиме со чесни намери. Пред две години, кога ова раководство дојде на чело на ВМРО-ДПМНЕ, па до пред извесно време, условно бевме под „контрола“ на некој друг. Сега се гледа апсолутно не е така. Ние сме возрасни луѓе, свои луѓе, кои имаат прилика да направат многу во иднината. Наведувањето дека некој друг не команда и контролира е навредувачко, истакна Јанушев.
Тој повтори дека Договорот од Преспа е калкулантски и дека со 80 пратеника ќе го менуваат.
-Не гледам што е тврдо во тоа да си ја браниме позицијата која што сме ја застапувале. Ние не сме Заев да изјавиме нешто па потоа да си ја погазиме истата изјава. Со 80 пратеника се менува Уставот а не Преспанскиот договор. Тоа е формалната постапка. Референцата во ОН не беше меѓудржавен договор како Преспанскиот. Би биле несериозни доколку кажеме дека имаме прилика, тоа да не го направиме. Тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го направиме. Нема да ветуваме брда и долина како СДСМ, времето ќе каже дали сме во право, изјави Јанушев.
Според Јанушев договорот е капитулантски од самиот почеток.
„Ќе направиме се што можеме во рамките на демократското и институционалното делување за да го подобриме, додаде Јанушев.
Според него, прашањето околу администрацијата е камен на сопнување на сите досегашни влади. -Сите знаеме да кажеме дека таа е преобемна, дека не ја извршува својата работа како што треба, но факт е дека подоцна не се прават никакви измени во тој поглед. Од тука сакам да порачам дека за брзо време ќе ги објавиме нашите програми на делување. Можам да кажам дека и без отпуштање има начин да се стави ред- изјави Јанушев.
Тој рече дека е факт оти имаме поголемо задолжување од било кога досега.
-Една од главните тези за напад на корумпираната власт на Заев беше дека ќе враќа бројчаник, а ја задолжуваше државата најмногу досега. Тој тренд мора да се поправи- изјави Јанушев.