Украински патнички авион со околу 170 луѓе се урна во средата веднаш по полетувањето во близина на аеродромот „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран, јави државната телевизија. Се претпоставува дека несреќата била предизвикана од механички проблеми.
نخستین ویدئو از سقوط هواپیمای اوکراینی اطراف شهریار pic.twitter.com/M3bZiLLryQ
— خبرگزاری ایسنا (@isna_farsi) January 8, 2020
Несреќата се случи неколку часа откако Иран изврши балистички ракетни напади насочени кон две бази во Ирак, во кои се распоредени американски сили. Тоа, како што се наведува во Техеран, било одмазда за убиството на генералот на Револуционерната гарда Касем Солејмани.