ВМРО-ДПМНЕ: Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните

Соопштение до јавноста- реакција на прес конференцијата на Венко Филипче

„Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните.

Филипче во текот на своето министерување има континуитет само во едно, а тоа се лагите.

На докторите специјалисти им ветуваше плата од  100 илјади денари, но им даде само трошки. Ветените 100 илјади денари за доктор специјалист останаа само сон.

Денеска Филипче повторно се пофали со трошките, зошто ветените 100 илјади денари ги нема.

Притоа Филипче го заборави административниот и помошниот персонал во здравството.

И наместо со реализирање на ветеното, медицинскиот персонал остана со лагите на владата на СДСМ и Филипче.

На 12-ти април ќе се стави крај на  министерувањето и лагите на Филипче, и ќе започне обнова во здравствениот систем.“

Треба да знаете
Последни објави