Италија го осуди иранскиот ракетен напад

Официјален Рим го осуди иранскиот ракетен напад во Ирак и повика на итно намалување на тензиите. Италијанското Министерство за надворешни работи ги повика и европските сојузници да работат на повторно воспоставување дијалогот, јави дописникот на МИА од Рим.

Италијанската армија е присутна во Ирак и тоа со 900 припадници, а главна задача им е да соработуваат со ирачките војници во борбата против Исламска држава.

Локалните медиуми објавија дека по американскиот напад во кој беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани, дел од италијанскиот контингент војници е преместен од база во Багдад на друга „безбедна локација”.

Треба да знаете
Последни објави