Модриќ наместо парите го одбрал фудбалскиот предизвик

Хрватскиот фудбалски интернационалец, освојувач на „Златната топка“ за 2018 година, Лука Модриќ нема намера да го напушти најторфејниот европски првак Реал Мадрид. Според медиумите Модриќ одбил за многу пари да се пресели во американската лига во редовите наДиСи Јунајтед, каде донеодамна настапуваше искусниот Вејн Руни.

Хрватот Модриќ бил посочен како идеална замена за Руни, но не ја прифатил понудата. Модриќ пред парите го ставил својот фудбалски предизвик да остане во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид и да докаже дека и покрај 34-годишната возраст дека е кадарен да пружа добри партии.

Треба да знаете
Последни објави