Португалската полиција открила 825 килограми кокаин, сокриен во пратка со банани од Јужна Америка. Кокаинот, чија улична вредност се проценува на 30 милиони евра, бил сокриен во контејнери со банани, кои требало да стигнат во други делови на Европа.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, како и дека слични пратки со кокаин во контејнери со банани биле пронајдени и во САД и Германија.
Ова е втор пат за 12 месеци како полицијата открива голема пратка кокаин во Португалија, минатата година биле одземени 430 килограми кокаин, вреден околу 15 милиони евра.