Интегрален текст од изјава на Дафина Стојаноска- член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
„Зоран Заев наместо да пишува празни памфлети на социјалните мрежи веднаш да ги разреши Мерсиха Смаиловиќ од позицијата во СДСМ и Зоран Бојаровски од позицијата советник на премиерот во владата.
Антисемитизмот и говорот на омраза од функционери на СДСМ не смее да остане неказнет.
Празната осуда без конкретни дела е поддршка за нападот на верска и национална основа врз Рашела Мизрахи од функционери на неговата партија.
Неказнивоста сега, ќе значи поддршка на расистичките и нацистичките тенденции во СДСМ.
Осудите за антисемитизмот на СДСМ стигнаа од повеќе места во светот, но Зоран Заев останува нем на осудите и не ја разрешува Мерсиха Смаиловиќ од партиската функција, ниту Зоран Бојаровски од државната функција.
Сите го гледаме вистинското лице на Зоран Заев, тоа е лице на ширење на омраза и поделби.
Атмосферата за шиканирање на различностите е креирана од Зоран Заев.
Нездравиот амбиент во општеството мора да се искорени. Македонија мора да биде држава во која секој ќе се чувствува безбеден.“