Шкендија со португалски напаѓач во пролетниот дел ќе го брка Вардар

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, тетовска Шкеднија која по двата од четирите натпрерварувачки круга застануза зад лутиот ривал Вардар во трката за одбрана на титулата осум бода, одлучи да го засили нападот за во пролетниот дел со Португалецот Алдаир Сапало Амаро Нето. Тетовскит „ црвено-црни“ со португалскиот интеранционалец кој има потекло од Ангола потпишаа договор на шестмесеци, со можност соработката да продолжат ако двете страни бидат задоволни на крајот од сезоната во мак-фудбалот.

Според информациите од Шкендија, декември Нето бил на тренинзи со тетовскиот прволигаш и се покажал во добро издание по што одлучиле да потпишата договор. Искусниот 25-годишен напаѓач во Шкендија доаѓа од тимот велшкиот второлигаш Бангор Сити. Како помлад бил дел од португалскиот гигант Брага, потоа четири години минал во Маритимо.

Нето е трето зимско засилување за Шкендија по Ардин Далку и Ваљон Ахмеди.

Треба да знаете
Последни објави