Бразилскиот судија му нареди на „Нетфликс“ да го прекине прикажувањето на божикниот специјал, филм во кој Исус Христос е претставен како хомосексуалец.
Судијата Бенедикто Абикаир одговори на петицијата на бразилската католичка организација која организираше петиција во која се тврди дека, во име на милиони католици, таа е повредена од емитувањето на филмот „Првото искушение на Христос“во продукција на компанијата „Порта дос Фондос“, пренесува АП.
На Божик, пак, беа нападнати канцелариите на компанијата.
Во своето размислување, судијата изјавил дека одлуката е корисна не само за христијанската заедница туку и за бразилското општество.
Филмот го прикажува Исус како се враќа дома за својот 30. роденден и алудира дека е хомосексуалец.
„Нетфликс“ одби да ја коментира одлуката на судијата.