Има ли обид за државен удар во Абхазија?

Демонстранти денеска ја зазеле зградата на администрацијата на претседателот на Абхазија, Раул Хаџимба, во Сухуми и бараат негова оставка, а од администрацијата ја оценуваат ситуацијата како обид за државен удар, пренесува „Вашингтон пост“.

„Ова е обид за државен удар. Власта прави се што е во нејзина моќ ситуацијата во републиката да остане во рамките на уставот,“ се вели во соопштението на администрацијата.

Поддржувачите на абхазиската опозиција се собраа пред зградата на Абхазискиот драмски теататр во Сухуми, по што се преместија пред зградата на администрацијата на претседателот на Абхазија. Според медиумите, пред зградата се собрани околу 800 луѓе.

Демонстрантите тврдат дека на минатите претседателски избори, актуелниот претседател Раул Хаџимба не освоил доволно гласови и затоа бараат нови избори како и оставка на Хаџимба. Тие успеале да ја пробијат влезната врата и да скршат еден прозорец, по што неколку лица упаднале во зградата, но обезбедувањето го спречило нивното движење.

Според еден од демонстрантите, демонстрациите се поврзани со неодамнешното пукање кај еден ресторан во центарот на градот, во кое загинале три лица.

„Лицето што е уапсено било од обезбедувањето на претседателот. Тоа е беззаконие,“ вели тој.

Претходно, судот во Абхазија го одложи за денеска разгледувањето на жалбата на поранешниот кандидат за претседател, Алхас Квинцини, на одлуката на Врховниот суд, кој одби да ги прогласи за неважечки резултатите од вториот круг од изборите.

Опозициските партии Амцахара и Обединета Абхазија ги повика граѓаните денеска да се соберат пред зградата на Врховниот суд.

Треба да знаете
Последни објави