Генерал Барберо: Не е точно дека САД сакаат да го окупираат Иран а убиството на Сулејмани е позначајно и од она на Бин Ладен и Ал Багдади

На работната средба со група актуелни пратеници и поранешни албански пратеници во Тирана, генералот на НАТО Михаел Барберо разговарал за Самитот на НАТО и ситуацијата во Иран и Ирак.

-Не е точно дека САД сака да го окупира Иран. Убиството на генералот Сулејмани беше со цел да се превенира. Иран организираше неколку софистицирани напади, од нас немаше одговор. Ги презедовме неопходните активности за да го заштитиме нашиот народ. Нуклеарниот договор со Иран не е добар, мора да преговараме за друг, рекол Барберо.

Барберо, оцени дека убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани е многу значајно.

Говорејќи за безбедносните предизвици, тој рече дека убиството на иранскиот генерал Сулејмани е многу значајно,дури позначајно од убиството на Осама бин Ладен, или лидерот на ИСИС во Ирак,Абу Бакр ал-Багдади.

-Нападот за да се убие Касем Сулејмани беше многу значаен,позначаен од убиството на Осама бин Ладен или Абу Бакр ал-Багдади. Тој беше архитект на секаков вид нестабилност. Ниту Хезболах не би го нападнал Израел ако тој не дадеше наредба. Сите насилни напади кои доаѓаат од шиитите ги водеше Сулејмани. 700 американски војници починаа од ова оружја како резултат на водството на Касем Сулејмани. Неговото минато услови да биде прогласен за терорист.Тој стоеше зад Хезболах и зад сите напади што се случија,рекол меѓу другото Барберо.

Пред неколку години албанските трупи во Ирак беа под негова команда.Во моментот,според минстерство за одбрана Албанија нема свои војници во Ирак.

Треба да знаете
Последни објави